
Пропадна безобразниот обид на поранешниот премиер Никола Груевски за сопствен спас да ги лаже граѓаните со жолти комбиња, тактички опреми, клонирани базни станици, реагираат од СДСМ по прес – конференцијата на Милошоски за одлуката на СЈО да го повлече обвинението за „Пуч“.
„Груевски е фатен во обидот да монтира политички случај наречен Пуч, со надеж дека ќе се извлече од скандалот со нелегалното прислушување, за што сите патишта водат до него и неговиот братучед Сашо Мијалков. Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ затоа се единствените на кои им пречи независната институција Специјално јавно обвинителство, инаку формирана и со потпис на Груевски на Договорот од Пржино и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија. Се излажал Груевски ако се надевал дека правдата нема да излезе, откако му излезе шилото на вистината. Правдата е таква, секој одговара за своите постапки и Груевски може само на себе да е гневен“, се вели во писмената реакција на СДСМ.