„ВМРО-ДПМНЕ е против работниците а противењето на Славески на зголемувањето на минималната плата според партијата на власт е срамно“, соопштија утрово од Бихаќка.
„За разлика од Владата предводена од СДСМ која заедно со сите засегнати страни работи на изнаоѓање на решение за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се противи на растот на платите“, истакнуваат од СДСМ.
„Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје, додаваат од таму е најгласниот противник на зголемување на минималната плата. Претходно Славески изјавуваше дека минималната плата ќе значела крах на домашната економија, а сега тврди дека растот на минималната плата е нереален и неоправдан“, велат од партијата на власт.
„Славески како претседател на Советот на Град Скопје добива месечен надомест од околу 35.000 денари, или скоро три минимални плати за и служи на Арсовска, да работи против граѓаните, против работниците. Неоправдано нереално и срамно е однесувањето на Славески кој со месечни примања од илјадници евра се противи на зголемување на минималната плата во услови на енергетска и економска криза“, реагираат од СДСМ.
Додаваат дека додека ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеле минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголемиле минималната плата за над 6.000 денари и најавија дека ќе продолжат да ја зголемуваат и понатаму.
„Договор за минималната плата повторно да биде зголемена годинава ќе се најде заедно со синдикатите, со работодавачите и без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираат од СДСМ.