„Првите сто дена од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски поминаа во одговорно и посветено работење и надминување на последиците од економската и енергетската криза“, велат утрово од Бихаќка.
„Преземени се навремени и ефикасни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Уште во првите недели минималмната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а согласно законските рокови следува раст на платите во сите сите сектори.
Низ социјален дијалог, договоривме нова методологија со која пензиите од септември ќе растат со рекорден процент.
За справување со последиците од кризата обезбедивме дополнителна финансиска поддршка од 1.000 денари за социјално ранливите семејства и за пезнионерите во времетраење од три месеци.
Ги намаливме акцизите и ДДВ за нафтените деривати и го укинавме ДДВ-то за основните продукти, денес просечно семејство заштедува околу 4.000 денари поради намалени трошоци за храна, горива и електрична енергија.
Сите овие државнички одлуки Владата предводена од СДСМ во првите 100 дена од мандатот ги донесе за заштита на стандардот на граѓаните.
Паралелно, продолжуваат реформите во сите сектори важни за нашата европска интеграција, важни за развојот на нашето општество“, додава партијата на власт.