СДСМ: Работниците немаат за леб, а Владата мисли да купува авион за Мицкоски

„За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни“, тврдат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос“, велат од СДСМ по најавите на директорот на СОЗР, Ивица Томовски дека се уште стои на ставот за набавка на нов владин авион.

СДСМ смета дека Владата, како што велат, очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците.

„Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра. За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.

Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.

Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања.

Ученикот сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот. И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма? Малку да не им се 161 тендер досега“, порачаа од најголемата опозициска партија.

Томовски смета дека државата ако сака да биде сериозна, треба да има сериозен имот, возила и авион.

-Имаме премал авион кој често е на поправки. Тој е премал и има шест седишта и не може да се користи за соодветна делегација. Размислуваме за набавка на поголем авион со над 14 седишта и кој ќе може да се користи и за медицински превоз, истакна, меѓу другото, првиот човек на СОЗР.

Првиот човек на СОЗР смета дека Владата треба да набави нов блиндиран „мерцедес“ за специјални гости од странство