
ВМРО-ДПМНЕ е против концептот на едно општество за сите, Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, велат од СДСМ откако опозициската партија поднесе 35.000 амандмани за Законот.
Од СДСМ велат очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги напушти политиките на деструкција и блокади, коишто, додаваат, предизвикуваат политички тензии, поделби и раздор во општеството.
„ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија по сопствен избор одбра да не учествува во реформскиот процес. Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за да блокира еден закон, е уште еден доказ дека опозициската партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата и дека нејзина единствена цел е да создаде нова политичка блокада со која ќе го закочи реформскиот процес“, стои во соопштението од СДСМ