СДСМ: Само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари во Аеродром

од Nikola Popovski
111 прегледи

Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава, соопштија од СДСМ. Тврдат дека помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години.

-Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.

Од партијата во опозиција тврдат дека последното и единствено зголемување на помошта за новороденче во Аеродром се случи во 2018 година, кога СДСМ ја зголемил оваа помош од 5.000 на 8.000 денари.

-Во 2021 година Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Последната одлука на Советот на Општина Аеродром е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари, порачаа меѓу другото од „Бихаќка“.

За разлика од ставот на партијата, од општината соопштија дека по 8.000 денари еднократна помош и годинава ќе добие секое новороденче родено во општина Аеродром. Од Општината информираат дека семејствата кои ќе аплицираат треба да достават фотокопија од извод од матичната книга на родените за бебето, а доколку станува збор за  посвоено дете и фотокопија од решението за посвојување. Покрај тоа, треба да се достави на увид важечка лична карта или патна исправа од барателот, да се пополни барање за доделување еднократна парична помош и изјава за согласност за обработка на лични податоци, кои можат да се подигнат во Општина Аеродром или да се преземат од веб-страницата на Општината..

Слични содржини