СДСМ се кае поради измените на Кривичниот законик, подготвен нов предлог

од Nikola Popovski
69 прегледи

СДСМ се кае поради измените на Кривичниот законик – вака може да се сфати денешната изјава на лидерот на партијата, Венко Филипче. Порача дека згрешиле и дека грешката треба да се исправи.

-Поради реакциите на граѓаните, реакциите на стручната фела и тоа што граѓаните го манисфестирала на изборите во смисла на гласовите. Не е чесно да затвориме очи и уши. Предлагам солидно решение и да продолжиме по патот на соработка со меѓународните институции. Апелирам до Владата да го стави на јавна расправа и заедно да го донесеме тој закон, кажа Филипче на брифинт со новинарите.

Според претседателот на СДСМ, има Кривичен законик во Министерството за правда изработен во 2017 година кога министерка беше Рената Десковска.

-Не би затворил очи пред критика ако е издржана. Законот е спремен во Министерството за правда. Готов е предлогот. Ќе видиме какви ќе бидат реакциите, па оттаму ќе дејствуваме. Мислам дека е чесно да се слушнат забелешките на нашите членови, граѓаните и стручната фела, додаде Филипче.

Пратениците лани во септември во еден ден ги донесоа измените на Кривичниот законик со кои се намалува предвидената затворска казна за злоупотреба на службена положба. Измените меѓу другото значат намалување на затворски казни за злоупотреба на службена положба за лична корист, можност за порано да застарат дела, бришење на членови кои предвидуваат казни за злоупотреба на јавни набавки, оштетување на Буџетот, а пониски казни се предлагаат и за делото злосторничко здружување.

Измените предизвикаа лавина реакции во јавноста и отворија повеќе прашања околу мотивите за ваквиот потег. За ефектите од нив не се чекаше многу време. За релативно кратко време откако стапија во сила, голем број високоприфилни случаи за кои истрагите ги почна Специјалното јавно обвинителство, а по неговото згаснувањето ги презеде Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, почнаа да застаруваат, исход кој претходно уште кога измените се најдоа во собраниска процедура го најавија невладините и експертите.

Слични содржини