СДСМ се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот, вели Мицкоски за резолуцијата на опозицијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволи да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, и како што рече „ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

од Vladimir Zorba
35 прегледи Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници за претстојните Локални избори се осврна и на резулуцијата „црвени линии“ за Бугарија, која ја презентираше претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Мицкоски потенцираше дека додека тие борат за чесна и успешна Македонија, а како што рече „гледаме за што се борат нашите противници“.

-Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман? Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволи да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, и како што рече „ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

-Запрашајте се зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат? Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е нема да ја почитуваат. Но повторно го поставувам прашањето кој ги тера? За кого работат? До кога ќе им трае аранжманот, праша Мицкоски.