СДСМ: Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски станува соучесник во планот „мигранти за пари“ и анти-ЕУ кампањата на власта

За денес напладне во Клубот на пратеници, Мицкоски ја најави лидерската средба - СДСМ најави бојкот

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Принтскрин

СДСМ упати критики кон сите партии и лидери на партии кои што ќе учествуваат на денешната лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски.

„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти-ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски, реализација на планот „мигранти за пари” после тоа“, порачуваат од СДСМ.

Според опозициската партија, сите чекори кои власта досега ги презема, како што велат, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.

-Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот, стои во ставот од „Бихаќка“.