СДСМ: Скандалозен потег на ЈСП Скопје и Арсовска да забранат влез на лица со попреченост во придружба на куче

од Nikola Popovski

Скандалозен и дискирминирачки е вчерашниот настан каде во автобус на ЈСП Скопје му бил забранет влез на лице со попреченост кое било придружувано од неговото сервис куче. Тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува, велат од владеачката партија преку соопштение.

Од СДСМ додаваат дека во изминатите четири години и на локално и на централно ниво, реализирани се низа мерки и политики за унапредување на статусот на лицата со попреченост.

-Се намали границата за лична асистенција за лицата со попреченост, со цел овие лица полесно да ги извршуваат секојдневните обврски и да бидат активно вклучени во секојдневниот живот, се изработи аудио читач за лицата со оштетен вид, се градат инклузивни градинки а многу објекти на институции станаа подостапни за лица со телесен инвалидитет.

Од друга старана, ваквите дискриминаторски потези на ЈСП, Град Скопје и Арсовска не се во насока на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, туку враќање чекори назад, стои во партиското соопштение.

Слични содржини