СДСМ: Скандалозната одлука за Христовски потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски

од Nikola Popovski
50 прегледи

СДСМ утрово обвини дека со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се стави во улога на алатака во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија постави низа прашања, меѓу кои „зошто Обвинителството не побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?“.

-Зошто не е постапено идентично како со двете директорки на училишта и со директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени затоа што користеле фалсификувани ТОЕФЛ сертификати добиени од исто место како Христовски – јазичното студио „Јулија“?

Во сите овие случаи, обезбедени се докази директно од ЕТS и тоа за многу кратко време. Зошто сега, кога станува збор за Христовски, партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ е целосно игнориран ETS од страна на Обвинителството, истакнуваат од СДСМ и додаваат дека „скандалозната одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски“.

Во текот на проверките, како што информираат од Јавното обвинителство, било констатитано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска, ниту пак како доказ употребил исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити. При проверките се пронајдени два сертификати, а едниот од нив го „спаси“ Христовски. Овој сертификат бил издаден по полагањe на TOEFL ibt тест во домашни услови во текот на 2022 година и тој се разликува од сертификатот издаден од Language School Julia CO.LTD.

Слични содржини