261
„Забеганоста, стравот и примитивизмот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги минува сите можни граници. Денеска, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фор дер Лајен нацист. Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Фон дер Лејен е Нацист!“, соопштија од СДСМ.
„Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски освен што го резилат Собранието директно ги наредуваат нашите пријатели во Европската унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ“, се додава во реакцијата.