СДСМ смета дека Џафери е соодветно и добро решение за технички премиер, порача Маркоска

од Nikola Popovski
264 прегледи

СДСМ смета дека претседателот на Собранието, Талат Џафери е соодветно и добро решение за нов технички премиер, кој ќе биде на чело на Владата од крајот на јануари. Ова денеска го изјави пратеничката на владеачката партија, Даниела Маркоска.

Како што додаде Маркоска, претседателот на СДСМ и актуелен премиер Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството партијата, на кој се очекува пратеникот Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.

На прашањето што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбијат да бидат дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложат министри и заменици министри, пратеничката на СДСМ на денешната прес-конференција изјавила дека ако „ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите нема да им успее“.

-Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните. Не се нешто ново обиди за создавање криза, зборував и во пресот за нив. Како што досега не усепа така нема ниту овој пат. ДПМНЕ има проблем од друга природа. Но се што трврдеа досега излезе обратно, рекла Маркоска.

Именувањето на Албанец за технички премиер, 100 дена пред изборите, беше дел од коалицискиот договор меѓу поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети по изборите во 2020 година.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ побара да се напушти концептот на техничка влада за подготовка на изборите наречена „Пржинска влада“.

Слични содржини