СДСМ со граѓаните на Тетово, Јегуновце и Теарце

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Тимови од караванот Рамо до рамо до победа попладнево беа со граѓаните на Полошкиот регион.

Претседателот на Комисијата за животна средина Пеце Мирчески заедно со Вангелија Велева беа меѓу граѓаните на општина Тетово каде со присутните разговараа за повеќе актуелни теми.

Мирчевски истакна дека СДСМ во време на светска економска криза презема мерки кои значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Иако е период на најголема светска економска и енергетска криза, СДСМ успеа 1 година порано да го исполни ветувањето за минимална плата над 20.000 денари.

– Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари. Во време на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше едвај 8.000 денари а во некои сектори и помалку. Го исполнивме и ветувањето за просечна плата над 34.000 денари, која во време на ВМРО-ДПМНЕ беше евдај 20.000 денари. Пензиите сега во март ги зголемивме за рекордни 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери. Со антикризните мерки успеавме да го заштитиме стандардот, цените паѓаат а инфлацијата е зауздана. Заедно со вас, рамо до рамо, продолжуваме до нови победи, порача Мирчески.

Членот на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски заедно со Благица Павловска беа меѓу граѓаните на општина Теарце, каде ги презентираа мерките и политики во земјоделството, посочувајќи дека светската енергетска криза сите ги научи колку домашното производство на храна е важно, додавајќи дека денес земјоделците во нашата држава се вреднувани и почитувани, а финансиската поддршка кон земјоделците е неселективна и навремена.

Во општина Јегуновце меѓу граѓаните беа членот на Централниот одбор Дарио Николовски и Магдалена Грашковска.

Со одговорните и ефикасни политики во енергетиката денес македонскиот енергетски сектор работи со полн капацитет, домашното производство на струја е зголемено и за првпат среде зима извезуваме електрична енергија наместо да ја увезуваме како што тоа беше пракса години наназад.

-На почеток на глобалната енергетска криза опозицијата прогнозираше крах на енергетиката, најавуваа рестрикции на струја, најавуваа дека ќе нема доволно струја, храна, греење. Ништо од тоа не се случи. Не само што немаше рестрикции, туку енергетскиот систем на државата работеше со сите кашацитети какко никога претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е зголемено и на историски најголемо ниво., рече Николовски.

Слични содржини