СДСМ со предлог закон: Нула проценти ДДВ за прехранбените производи

од Nikola Popovski
23 прегледи

СДСМ ќе поднесе предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, со крајна цел, сериозно да поевтинат прехранбените продукти, најави денеска претседателот на партијата, Венко Филипче.

„Затоа, како одговорна опозиција, СДСМ поднесува Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со него се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за човечка исхрана или. Ова се над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, рече Филипче.

Лидерот на опозицијата смета дека ова законско решение ќе донесе реални заштеди во месечните трошоци на граѓаните, имајќи предвид дека најголем дел од трошоците отпаѓа на ставката храна.

„Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка е 23.000 денари. Со нула проценти ДДВ, заштедата на граѓаните месечно ќе биде од 1.200 до 2.000 денари. Што е најважно, за спроведувањето на Предлогот на законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата“, додаде тој.

Филипче истакна дека за оваа мерка СДСМ се консултирала со експерти и бизнисмени и ги повика сите пратеници да дадат поддршка на ова предлог-законско решение.

Слични содржини