СДСМ со седница на Централниот одбор во „Холидеј Ин“

од Nikola Popovski
214 прегледи
Од СДСМ информираат 16-тата седница на Централниот одбор на партијата ќе се одржи вечерва во 20 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со цел обезбедување соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19.
По завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите.
Се очекува на седницата да биде дадено зелено светло на коалицискиот договор со ДУИ за формирање на Влада, како и да се распределат министерските места и другите позиции дооворени со коалицискиот партнер.