СДСМ: Стефковски троши 200.000 евра за партиски вработувања, а нема реализирано ниту еден свој проект

од Берта Китинска
327 прегледи

Нема ден а во јавноста да не се појави нов случај на крчмење на општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.Последен случај е градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој ќе потроши 12,2 милиони денари или неверојатни 200.000 евра за привремени вработувања во општината, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека дополнително на ова, Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.

-Во време на криза, кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за вдомување на партиски кадри.Тоа е дури двојно повеќе од градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.Во време на криза, наместо инвестиции во развојни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се по начелото на Зоран Ставревски „трошиме на чоколадо а немаме за леб“ немилосрдно ги трошат општинските пари, посочуваат од владејачката партија.

Слични содржини