Од СДСМ денеска најавија продолжување на серијалот скандали под името „Тендерски мрежи“. Според информациите, ќе бидат презентирани нови докази за фирми поврзани со ВМРО-ДПМНЕ кои наводно испумпуваат пари од институциите и од проекти финансирани од унгарскиот кредит.
Во изјавата се истакнува дека вчера беше откриена шема во која на компанија гонета за местење тендери и доделени 50 тендери на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ тврди дека во текот на четирите години од власта на ВМРО-ДПМНЕ во мнозинството општини се извршени големи кражби на средства на граѓаните преку сомнителни тендерски постапки.
„Десетици фирми, блиски до ВМРО-ДПМНЕ, вртат милиони евра кои потоа завршуваат во џебовите на партиските функционери“, се наведува во соопштението. СДСМ најави дека новиот скандал ќе биде објавен денес во 12:00 часот во седиштето на партијата.