СДСМ: Тодоров да престане да се фали со лекови стари повеќе од една деценија

од desk2
79 прегледи

Министерот во заминување Никола Тодоров да престане да манипулира со ранливите категории на граѓани и лековите кои се стари повеќе од една деценија да им ги претставува како нови и револуционерни.

„Лекот „сорафениб“ за карцином на црн дроб е во употреба веќе 10 години, „оксалиплатин“ е 21 година во употреба ,а „бевацизумаб“ е лек со лиценца стара 11 години. Ова е само една од причините зошто Македонија според ЕХЦИ индексот е помеѓу трите најлошо рангирани земји во Европа по стапката на преживување на болните од малигни заболувања. Наместо да се грижеа за здравјето на граѓаните, Тодоров и неговите соработници се грижеа само за провизии и тендери за скапата и неупотребена медицинска опрема“, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ велат дека граѓаните на Македонија имаат право на ефикасен и квалитетен здравствен систем, воден од стручни и одговорни лица и дека затоа итно е потребна нова Влада.