СДСМ: Три години без честитка од Мицкоски за ратификувањето на Договорот со НАТО

од Nikola Popovski
132 прегледи

СДСМ денеска излезе со соопштение по повод тригодишнината од ратификувањето на Северноатлантскиот договор со кој нашата држава стана дел од НАТО – најголемиот воено безбедносен сојуз.

Денес, кога Европа сведочи на руската агресија врз суверена држава како Украина, од партијата велат дека е јасно колку е важно што сме една од триесетте држави членки на НАТО чија безбедност и територијален интегритет се силно заштитени.

-Пред точно три години само заложникот на Димитар Апасиев и пионот на Никола Груевски, не смогна сили да честита на историскиот успех.

Додека цела сала во Собранието аплаудираше и честиташе на ретификацијата на Северноатлантскиот договор, Мицкоски си ги креваше пантолоните и го месетеше каишот, неможејќи да се помири со успехот на државата, посочуваат од „Бихаќка“ и додаваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „исто како неговиот ментор Груевски работи против интересите на граѓаните и на државата“.