СДСМ: Уставните измени го зајануваат идентитетот, ВМРО-ДПМНЕ да ја следи мнозинската волја

од desk2
93 прегледи

Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет.

Со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста. 

Волјата на граѓаните е јасна. Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Сите пратеници, а особено оние на ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорност, наместо интересите на раководството на партијата за амнестија, на прво место да ги стават врвните државни интереси а тоа се интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Целокупната постапка е согладно Уставот, законите, Деловникот и врз основа на мнозинската волја на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја почитуваат мнозинската волја и да дадат поддршка на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и ги отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО.

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија