За раководството на „Бихаќка“ не е прифатлив концептот „ротирачки премиер“ за кој, како што објави весникот „Коха“, наводно, постигнале договор досега владејачките партии, објави порталот „360 степени“.
Соговорници од СДСМ тврдат дека засега не се водат преговори со другите парламентарни партии за состав на владата, а за информацијата што ја пренесе „Коха“ дека е постигнат договор меѓу коалаицијата „Можеме“ и ДУИ велат дека е „лажна вест“.
Од партијата посочуваат дека се чека лидерот и потенцијален мандатар за состав на владата, Зоран Заев, да се врати од одмор.