„Влада која сите свои капацитети ги вложува во силна економија и која создава шанса за сите граѓани не размислува за оставка, туку за интерeсите на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ по денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој побара распуштање на Собранието, предвремени избори и оставка на владата на Зоран Заев.

„Економскиот поход на Владата предводена од СДСМ го тера Мицкоски на панични партиски реакции затоа што тој размислува само за својот и за интересот на неговите антизападни ментори.После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка“ се вели во реакцијата.