СДСМ: Владeењето на Груевски е најголемото антиреформско владеење во историјата на Македонија

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што се обврза пред граѓаните, ќе предводи реформска Влада којашто ќе обезбеди достоинствен живот, правда и евроатлантски перспективи за граѓаните и за Република Македонија, велат од партијата.

„Ќе има реформи што ќе обезбедат повисоки плати и нови работни места, преку државна поддршка на домашните претпријатија. Ќе има редовни субвенции и повисоки од 160 милиони евра. Ќе има реформи во правосудството преку реизбор според најдобрите европски практики. Ќе има независни и професионални институции и медиуми. Ќе бидат земени предвид сите забелешки во извештаите на Прибе и на Европската комисија и ќе бидат отворени евроатлантските интеграции на Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека 11-годишното владеење на Никола Груевски донело само излозација, сиромаштија, масовно иселување на граѓаните, заробени институции, криминал и корупција и срушен образовен и здравствен систем.

„Владeењето на Груевски и неговите соработници е најголемото антиреформско владеење во историјата на Македонија. Секој проект, секоја мерка што тие ги спроведуваа беа на штета на граѓаните и на државата. Најголемата реформа на Никола Груевски и неговите соработници беше тоа што во време на најголема сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата партија во Европа. Секоја таканаречена реформа на Груевски го зголемуваше неговото лично богатство, на неговите соработници и на фамилијата, а го правеше полош животот на сите други граѓани“, стои во соопштението.