СДСМ: Власта предвидува помалку пари за компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата

од Nikola Popovski
44 прегледи

СДСМ упати критики дека Владата во предложениот Буџет за 2025 година ги намалува парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Според партијата, парите за поддршка на странски компании се зголемени.

-За компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата Власта на Мицкоски предвидува помалку пари, а оние кои го носат профитот надвор повеќе. Ова не е фер пристап кон домашните компании и кон работниците во овие компании, тврдат од партијата на Венко Филипче.

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која четврти ден на дневен ред е Предлог- буџетот за 2025 година.  Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември.

Во текот на досегашната расправа, пратениците од власта сметаат оти Предлог – буџетот е развоен и ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните, бидејќо се предвидува зголемување на пензиите, ќе се испочитуваат колективниот договор, а ќе има и покачување на платите во повеќе сектори.

Од опозицијата оценуваат дека нема да има подобар животен стандард на граѓаните, дека Предлог буџетот на Владата е манипулативен и нема никаква јасна визија, не е развоен туку трошковен, недомаќински, предизборен и предвидува нереален раст на БДП од 3,7 отсто.

Власта ги отфрли тврдењата на мнозинството дека во предложениот Буџет се предвидени повеќе пари за мебел и службени возила за функционерите.

Комисиската расправа треба да заврши најдоцна до крајот на месецов, по што предлогот оди на пленарка. Поднесени повеќе од 300 амандмани.

Слични содржини