СДСМ: Власта во Буџетот за 2025 ги зголемила парите за купување мебел за пет пати

од Vladimir Zorba
35 прегледи

„Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, поскапувањата на цените продолжува а власта вели дека нема пари за поголеми плати за работниците власта на ДПМНЕ и Мицкоски во Буџетот ги зголемува парите за купување мебел дури за пет пати“, соопштија од СДСМ.

„Во друга ставка, власта ги зголемува парите и за службени возила на владините функционери за дури 75%.

За расипничката власт на Мицкоски граѓаните не се приоритет, нема пари за поголеми плати на работниците, нема повеќе пари за стандардот на граѓаните, нема повеќе пари за здравство, образование, социјала.

Додека трупа огромни долгови врз грбот на граѓаните и го зголемува јавниот долг за историски најголеми 70%.

Единствен фокус на владата на Мицкоски се сопствените луксузирања, затоа толку многу пари мебел и возила.

Со овој Буџет ниту ќе има раст ниту економски развој и ќе значи уште една загубена година“, додаваат оттаму.

Слични содржини