СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите, наместо да продолжува со лаги

од Vladimir Zorba
83 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција која што ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжува со лагите за личните интереси на Никола Груевски,“ се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Оттаму велат дека „демократските процеси се одвиваат согласно Уставот, законите и Деловникот“.

„Тоа го знае целата домашна, но и меѓународна јавност што го поздрави именувањето на новиот собраниски претседател,“ велат од СДСМ.