Од партијата на власт СДСМ и порачуваат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да си го прочита договорот, Македонија не се брише а македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет.

„Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“, а официјален јазик е „македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на кој било начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.
Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш.
Македонскиот јазик станува еден од јазиците на НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската унија“, додаваат во соопштението.