СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извинат што ја споредија Фон дер Лејен со нацистите

од Vladimir Zorba
160 прегледи

СДСМ ја осуди споредбата на Европската унија и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен со нацистите и нацистичкиот режим, направена од собраниската говорница од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалозно, срамно и за секаква осуда е тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го резилат Собранието, но и директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија и го нарушуваат угледот на државата.

Освен што работат против интересите на Македонија и на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ застанаа против целата Европска унија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за ова сканадлозно однесување, да се откажат од својата деструктивност, антиевропско делување и манипулирање на јавноста со лаги и невистини“, велат од СДСМ.

Слични содржини