СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, Мицкоски е како Груевски

од Radmila Tasevska
183 прегледи

Од владеачката партија СДСМ велат ,,вчерашната седница на Собранието покажа дека ДПМНЕ дефинтивно е против ЕУ, а Христијан Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски’’.

,,Вчера, ДПМНЕ и Левица покажаа дека немаат никакви аргументи, дека не знаат да дискутираат, дека не знаат како се води дебата’’, велат од партијата и додаваат ,,со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, единствено за лични цели, а против подобар живот за граѓаните и остварување на стратешката цел, полноправно членство во ЕУ’’.

,,Кристално јасно е дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку нивната цел е да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери.

Мицкоски сака да ја влече државата назад, само заради неговата фотелја во Белиот дворец, исто како што тоа 11 години го правеше Груевски.

Но, проевропската коалиција ќе направи сѐ да ја разбие таа блокада и ќе продолжи и  понатаму да работи во интерес на врвните национални и државни интереси, преку обезбедување соодветно мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата’’, велат од СДСМ.

Слични содржини