СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот и работи против интересите на граѓаните

од Берта Китинска
250 прегледи

Обидот да се спречи донесување на измените на Деловникот со голем број нелогични амандмани ја покажува желбата на ДПМНЕ да го блокира законодавниот дом во време на пандемија од коронавирус, велта од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со својата деструктивност и работат директно на штета на граѓаните. Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ДПМНЕ. Секогаш става сопки и дејствува на штета на граѓаните.

Во време на сериозни предизвици со коронавирусот, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет и затоа предложивме измени за оние пратеници кои се заболени од Ковид 19 или се во изолација да може да работат од далечина, онлајн.На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности“, велат од СДСМ.