СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, Ковачевски ги слуша и почитува

од Nikola Popovski
118 прегледи

Триесет години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса, но времињата кога некој можеше да си погрува со студентите како што сака, поминаа. Поминаа и времињата кога партиски злоупотребуваната полиција тепаше студенти на плоштади, во библиотеки и студентски домови како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, сооштија утрово од СДСМ по повод најновата ситуација со студентите.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, самоиницијативно се сретна со сите лидери на студентските движења и заедно низ дијалог најдоа заедничко решение за студентскиот оброк, како и за други прашања во врска со студентскиот стандард, велат од владеачката партија.

=Студентите ќе бидат вклучени во работната група, која ќе работи на креирањето на законско решение, кое ќе биде системско. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги слуша и почитува студентите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели. Разликата е јасна и очигледна, стои во соопштението од СДСМ.

Студентите добија ветување дека до средината на декември ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран оброк што им доцнат, како и дека ќе продолжи нивната редовна исплата, но за останатите проблеми ќе треба да почекаат до март на новото законско решение со кои би биле опфатени спорните услови.

За утре е најавен студентски марш организиран од движењето „Студентски отпор“.

Слични содржини