„Освен китењето со туѓи перја ДПМНЕ денеска покажа и големо лицемерие. Проектот за експресниот пат Страцин – Крива Паланка беше почнат во 2018 година и над 90% беше завршен до првата половина на 2024 година, во време на СДСМ“, реагираа од опозициската партија.
„Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше многу порано да се заврши уште во 2024 година.
Тогашниот претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ДПМНЕ со месеци го кочеше Предлог на законот за грантот вреден 14 милиони евра, кој беше потребен за завршување на овој експресен пат.
Мицкоски, Николовски и Трајановски го покажаа лицемерието на ДПМНЕ, го кочеа овој проект како опозиција а денеска се китат со туѓи перја.
Благодарение на СДСМ граѓаните на Крива Паланка и североисточниот регион го добиваат најголемиот капитален проект од независноста до денеска, вреден 94 милиони евра и многу значаен за економскиот развој, трговијата и туризмот“, додадоа од Бихаќка.