СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на Ќосето, наместо да го развиваат Скопје

од Nikola Popovski
142 прегледи

Скопје година и пол е во хаос, нефункционален град, кој стагнира, наместо да се развива, соопштија утрово од СДСМ, обвинувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска.

Од партијата додаваат дека наместо да работат на решавање на проблемите, „ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на градот“.

-Мицкоски ги повикиуваше граѓаните да гласаат за Арсовска, заедно ја славеа победата, па се скараа за рацете во медот, за тендери, провизии и бизнис влијанија. Со Мицкоски и Арсовска, скопјани, наместо проекти и развој, добија неработење, партизација на Градот, нефункционални градски претпријатија, истакнаа од партијата на власт.

Арсовска минатиот месец доставила писмено барање до Општина Центар за согласност за враќање на Ќосето пред комплексот судови.

-На погрешна адреса е испратено барањето. Ќосето нема никаква врска со Општина Центар ниту пак е лик од локално значење и оттаму, ова прашање не може да се третира на општинско ниво. Град Скопје треба да се обрати до Собранието. Што се однесува до самиот споменик, во минатото институциите утврдија бројни законски прекршувања при поставувањето на истиот, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. Верувам дека институциите во однос на овој случај ќе постапат целосно според законот, бидејќи во минатото истиот предизвика многу контроверзии, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Слични содржини