СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“ кој постапувал спротивно на сите стандарди

„ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија која е подготвена да гази по сопствените луѓе кои ѝ ја дадоа довербата, само за да се спасат од одговорност“, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: СДСМ

Страшни се податоците и доказите кои излегоа во медиумите во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс, но најстрашно е што она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше се покажа како точно. ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди, велат од СДСМ преку соопштение.

Затоа сега е јасно, додаваат од најголемата опозициска партија, зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата.

-Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои ѝ ја дадоа довербата, само за да се спасат од одговорност.

Но, не е само „Пулс“ потврдени се и тврдењата дека Росица лично побарала помош од министерот Тошковски, кој игнорирал. Тоа го тврдат нејзините блиски пријатели, а тој од тогаш се скрил и не се појавува никаде во јавноста, додаваат од СДСМ.

Според партијата од „Бихаќка“, овие два случаи потврдуваат дека со ВМРО-ДПМНЕ не само што нема правда, туку секоја нова трагедија ќе биде криена, а граѓаните ќе бидат лажени преку центарот за пропаганда во Белата палата.

-Но тоа веќе не може да се скрие, граѓаните масовно ќе ги казнат на изборите, посочуваат од СДСМ.