СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека стои зад насилствата од 27 април

од Vladimir Zorba
207 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно покажа дека стои зад насилствата од 27 април кога во Собранието се случуваше обид за убиство на пратеници, полицајци и новинари. ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски упорно стои на браникот на криминалот и криминалците“, реагираат од СДСМ.

„Единствена задача на губитникот Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата.

Затоа е поразуван од правдата, затоа е шест пати поразуван на избори, затоа му следи нов пораз на локалните избори на есен и токму затоа уште долго ќе биде опозиција“, се додава во реакцијата.