„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за речиси година и половина прави долг од над 16 милиони евра, во четири општини.
Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како неспособни расипници, кои задолжуваат богати и финансиски стабилни општини, за да ги трошат парите на партиски вработувања и непродуктивни трошоци.
Граѓаните им дадоа доверба да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветените проекти, а добиваат поскапи комунални услуги и долгови коишто ќе ги отплаќаат со години.
ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски донесоа хаос во општините.
Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега“, стои во соопштението на СДСМ.