СДСМ ја разоткрива, како што велат, координираната акција која ВМРО-дПМНЕ ја спроведува за уривање на СДСМ одвнатре. Велат дека „денеска ги покажавме координираните текстови во медиумите преку кои се засилуваат нападите врз СДСМ во соработка со поранешни функционери, меѓу кои и Јован Деспотовски“.
-И веднаш нов доказ. После денешното соопштение на СДСМ во кое се наведени причините за исклучување на Јован Деспотовски од партијата, веднаш на порталот на Героски излегува текст во одбрана на Деспотовски.
Паралелно ВМРО продолжува со дефокусот од криминалните тендери и договорот мигранти за пари со измислени згради, пасоши и визи, истакнуваат од СДСМ.
Според опозициската партија, целосно се разобличени и во паника затоа што сите планови им ги знаеме и нема да им дозволиме да им успеат.
„Оваа борба започна и СДСМ нема да запре! Сценаријата нема да ви успеат“, наведуваат од СДСМ.
Таборот на Венко Филипче денеска соопшти дека до надлежните органи на партијата, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ ќе достави барање за итно исклучување на Деспотовски од партијата. Како што тврдат од СДСМ, Деспотовски, во договор со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се обидува да ја дестабилизира партијата. Причината за тоа, посочуваат од СДСМ, е тоа што партискиот Антикорупцискиот тим (АКТ) изнел сериозни податоци за криминал и корупција на владата преку тендери.