„Скандалозни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов. Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов“, соопштија утрово од Бихаќка.
„Претходно и Христијан Мицкоски јавно рече дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија.
Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа владеачката коалиција за бугаризација и асимилација, а зад грбот на граѓаните бугаризација прават ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД, со заеднички именител во нивниот претседател Ванчо Михајлов.
Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.
Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, кој самиот се сметал за Бугарин, а Македонија ја сметал за држава на Бугарите.
ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот.
Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, против европскиот пат на државата, против интересите на граѓаните“, посочија од партијата на Ковачевски.