СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се директно поврзани со бугарските клубови и со Ванчо Михајлов

од Берта Китинска
176 прегледи

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е директно поврзана со бугарските клубови отворени во Битола и Охрид, а кои носат имиња на контроверзни и провокативни историски личности.

„Го потврдува континуитет на опозициската партија со Ванчо Михајлов и се гордее со него.Самиот Мицкоски го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во своето делување со Ванчо Михајлов, соработник на Третиот рајх.ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на луѓе што биле извршители на Третиот Рајх, го слави и велича делото и улогата на Ванчо Михајлов.ВМРО-ДПМНЕ во чест на Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музеј во Скопје.Припадници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на отворањето на бугаскиот клуб во Битола, а Мицкоски се слика со основачите на бугарскиот клуб во Охрид.ВМРО-ДПМНЕ заглавена во минатото, на граѓаните нема што да им понуди освен изолација и враќање назад“, велат од СДСМ.