Бројни позитивни параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и подготвена за справување со претстојните глобални предизвици.Потврда за тоа е растот на БДП од три отсто во третото тромесечје од 2021 година, велат од владејачката партија
Од СДСМ велат дека покрај растот на БДП, се бележи и раст на извозот кој во првите 10 месеци од годината е зголемен за 29% во однос на минатата година.
-Дополнително, Народна банка потврди дека денарот е стабилен и граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои ги пласираат одредени медиуми.СДСМ како одговорна и социјалдемократска партија продолжува да презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.Во тој правец е и владината одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022, кои не смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември 2021 година.
И во 2022 ќе продолжат да растат платите и пензиите.Минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, со новата методологија за законско усогласување, пензиите ќе растат два пати во годината, меѓу 400 и 600 денари, во зависност од износот на пензијата.
Буџетот е стабилен и ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на предизвиците што претстојат.Следува и субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства со оглед на предизвиците со цената на струја, посочуваат од СДСМ.