26
Пет и пол милиони евра од издавање градежни дозволи за нови згради, но ниту едно евро за ветената градинка, училиште и катна гаража во населбата Александрија!
Градоначалникот Стојковски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека ќе има сè – градинка, училиште и паркинг. Но, со изгласувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) за повеќе од 4.000 станови, буџетот за 2025 година и ребалансот предвидуваат само нови висококатници.
Советниците од СДСМ и коалицијата на претстојната седница ќе предложат промени со цел да се обезбедат средства за изградба на училиште, градинка и катна гаража – потребни инфраструктурни објекти кои многу им недостасуваат на жителите на Александрија и Ѓорче Петров.
Ова е повик за реални решенија, а не само празни ветувања.