СДСМ: Во изминативе 11 години државните институции наместо за граѓаните, работеа во интерес на Груевски

од desk4
101 прегледи

„Не постои поголема партизација на државните институции од онаа што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше 11 години кога државните институции наместо во интерес на граѓаните, работеа единствено во интерес на на Никола Грувски и неговите соработници.

Времето на партизација на институциите и притисоци врз вработените во администрацијата заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Реформскиот процес во државната администрација продолжува и обезбедува независни, професионални и ефикасни државни институции кои работат во интерес на граѓаните и во служба на законите“ се вели во соопштението на СДСМ.