СДСМ: Во опозиција Мицкоски ветуваше милијарда евра за борба против загадениот воздух

од Nikola Popovski
60 прегледи

Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијадра евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50%, порачаа утрово од СДСМ. Најголемата опозициска партија критикува дека актуелната власт не прави ништо и не презема мерки против загадувањето.

Од СДСМ потсетуваат што се случувало за време на нивното неколку годишно владеење.

-Во мандатот на СДСМ во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат.

Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето, стои во партиското соопштение.

Проблемот со загадувањето на воздухот во внатрешните простории на јавните училишта и градинки е речиси ист како и на амбиентниот воздух и има надминување на дозволениот лимит на суспендирани цврсти честички. Ова го покажало истражувањето за квалитетот на воздухот во јавните училишта и градинки спроведено во пет општини Гостивар, Струга, Куманово, Струмица и Кавадарци, а кое е имплементиран од од УНДП и со финансиска поддршка од Шведска.

Според професорот од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, истражувањето покажало дека има надминување на суспендирани цврсти честички, но другите загадувачи, како гасови и биоаеросоли, биле во прифатливи граници.

-Современите системи за вентилација можат да го намалат загадувањето во затворен простор и до 90 отсто, вели професорот Мираковски.

Главниот град по загаден воздух често пати е меѓу европските и светските прваци. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови по аерозагадување.

Слични содржини