СДСМ во трка и во албанските општини-Жена Албанка кандидат во Арачиново !

од desk3
90 прегледи
 Владеачката СДСМ влегува во изборна трка за локални власти во повеќе од 65 од вкупно 80 општини во Македонија. Вклучувајќи и во општини со мнозинство етнички Албанци. Првиот потенцијален кандидат го објави самиот лидер и премиер Зоран Заев. За Арачиново, Миликије Алими, според премиерот е најсериозната личност која СДСМ ја предлага за оваа општина.

Мелекије Алими вели дека е свесна за одговорноста  доколку победи на изборите, но верува дека со поддршка од владата ќе ги исполни ветувањата  кои самиот премиер ги даде пред жителите на Арачиново.

„Голема одговорност е тоа што сум назначена како кандидатка за Арачиново, и голема одговорност е бидејќи сум прва жена која ќе се “трка“ за оваа позиција. Се надевам ќе ја добијам довербата на моите сограѓани за да ги реализираме проектите кои ги вети самиот премиер“, истакна Алими.

Месец и пол пред гласањето, Движење Беса и Алијанса за Албанците се близу до договор за коалиција. Алијанса за Албанците предлага таму каде што една од партиите имаше повеќе гласови на парламентарните избор, сега да предложи кандидат за градоначалник, а другата партија да ја поддржи, што се чини е прифатливо за Беса.

„Во принцип, нашата констатација и последна одлука на раководството беше ЗА соработка и рековме дека ќе направиме се за да го постигнеме тоа. Има сигнали и од нивна страна, сега се разговара за технички прашања. Да видиме како ќе заврши“, истакна Африм Гаши од Беса.

Извори од Беса велат дека би можеле поддршка за Алијанса да дадат и во Дебар, Арачиново и Боговиње. За разлика од нив, ДПА на Мендух Тачи на изборите ќе оди сама.

„Во принцип, разговаравме само со Беса. Не разговаравме со албанските партии кои се дел од власта. За жал, долго време немаме договор, јасно е, јавно кажав дека немаме постигнато договор“, истакна Тачи.

ДУИ по правило најдолго тактизира. Претседателот Али Ахмети вели дека го анализира мислењето на јавноста.

„Сега за сега нема ништо за што би требало да ја информираме јавноста. Разговараме, работиме на приближување на ставовите и стратегиите“, соопшти Ахмети.

Ахмети не ја отфрла можноста за коалицирање со други партии, но не крие дека секоја партија ги гледа своите интереси. Рокот за пријавување кандидати истекува за 15 дена.

Досега ниту една партија ги нема откриено имињата на сите кандидати со кои ќе влезе во трка на локалните избори во средината на октомври./21 TВ