СДСМ во Велес: Во вистината за Македонија се гледа надеж

од Vladimir Zorba
104 прегледи

СДСМ синоќа  со  дел од раководството беше на средби со граѓаните на Велес, а потоа маршот на вистината.Нема веќе молчење  порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Veles-mars1-540x405

„Цела Европа покажува дека во Македонија владее диктатура и автократски режим , до кое дереџе дојде државата. Денеска и Амбасадорот на Соединетите Американски држави како и сите пред него, на Европската Унија велат мора да се провери автентичноста на снимките и согласно нивната содржина да се одговара. Амбасадорот Бејли, уште да ги замоли со многу внимателни зборови, да си одат. На целиот пријателски наклонет свет кон нашата земја му е јасно дека се работи за диктатура и режим Тие зборуваат како на безболен начин да замине ова зло и Македонија да се врати на патот кон добрата иднина, чекорејќи кон ЕУ и НАТО. На нашиот народ му е веќе јасно дека тие во врхушката на власта станале богови. Нема повеќе молчење, мораме да си ја вратиме државата. Цела држава чувствува дека ова е македонска година, дојде конечно долго очекуваната македонска пролет и на сите нека им е јасно дека нема да ја испуштиме. Со оваа македонска пролет ќе се вратат правдата,демократијата,слободата на сите граѓани ,“ рече Заев.

Veles-Z.Zaev_-405x540

Тој додаде дека се повеќе граѓани знаат дека мора да се застане на патот и да се спречи кражбата на државата бидејќи еден ден децата и внуците ќе прашуваат што правеле граѓаните кога тоа се случувало.

„ Херои се оние кои повеќе мислат на сопствените деца отколку што мислат на себе. Херои се кога застануваат на браникот на татковината тогаш кога и требаат. Херои сте сите вие почитувани граѓани оти сте тука денес и заедно ќе ја извојуваме оваа битка за нашата татковина. Затоа ќе ја повторам нашата парола, во името на Уставот и законите, се поголемото мнозинство во Република Македонија, од овде од Велес, ги повикуваме сите граѓани да застанат рамо до рамо со сите нас за да го одбраниме Уставот и суверенитетот на нашата земја, “ додаде Заев.

Veles, Radmila

Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, членови на Извршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО на СДСМ претходно во градот, разговараа со граѓаните и ја споделуваа Вистината за Македонија.

– Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија – повика заменик претседателката Шекеринска.

Граѓаните на Велес и околината даваат охрабрувачки силна поддршка за проектот што го извади на виделина сето зло што го правела ненародната, криминална и узурпаторска власт на Груевски и неколкумина негови соработници.

– Вистината на Македонија, ја врати надежта за една посветла иднина во нашата држава – рече генералниот секретар Спасовски.

Претставниците на СДСМ се сретнаа со жителите на социјалните згради, со дуќанџиите, со граѓаните на Велес во директни средби, по улиците и од врата на врата, а посетија и повеќе велешки села. Независно каде живеат, луѓето имаат главно егзистенцијални проблеми. Се жалат на неиздржливи давачки и обврски што им ги наметна власта.