СДСМ: За 4 години за Прилеп направивме многу повеќе од режимот на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

од Andreja Salpe
290 прегледи

Денес од СДСМ излегоа со соопштение, откако претходно ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон премиерот и неколку министри за денешната посета на Прилеп и Битола. Оттаму велат дека централната и локалната власт на СДСМ, за само неполни четири години за Прилеп направија многу повеќе отколку режимот на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години.

За време на режимот, Прилеп беше запустена општина, каде ВМРО-ДПМНЕ „влегуваше со хилти” и имаше „пиштење и вртиштење” во приватни компании, додека тутунарите беа манипулирани и злоупотребувани од режимот. Денес, за разлика од темното минато на режимот, се инвестира во Прилеп и целиот регион. За првпат по 40 години, во Прилеп се гради нова, модерна детска градинка, изграден е нов булевар во градот, изграден е нов Ургентен центар, поставена е модуларна болница, која токму ВМРО-ДПМНЕ ја кочеше додека беше дел од преодната Влада.” – стои во соопштението

Слични содржини