СДСМ за изјавата на Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

од Milan1
228 прегледи

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес, се вели во реакцијата на СДСМ до лидерот на ЗНАМ – Максим Димитриевски кој денеска од Пелинце им порача на довчерашните сопартијци „Ароганцијата ве донесе до ова дереџе!“

– За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова. Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ, се вели во соопштението на СДСМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро, истакнуваат од оваа партија.

Слични содржини