СДСМ за „Локално“: Веруваме дека најавата за враќање на Црвенковски нема да се случи

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Изминативе денови во јавноста беше пласирана информацијата дека поранешниот премер и претседател на Македонија и лидер на СДСМ, Бранко Црвенкосвки по долгогодишна годишна пауза ќе се врати на политичката сцена и ќе формира своја партија.

Сето ова, наводно, се случува поради незадоволство во самата партија,папоранешниот прв човек на партијата има воплан да ги собере наедно место незадоволните членови.

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за „Локално“ велат дека веруват дека тоа нема да се случи, односно веруваат дека овие шпекулации не се точни.

-Вистинската адреса за одговор на ова прашање е поранешниот претседател Бранко Црвенковски или пак изворите од кои што се пласирани овие информации, велат од партијата на Власт.

Оттаму сепак додаваат дека „веруваат тоа нема да се случи“ и дека ова не се точни информации.

Посочуваат дека Социјалдемократскиот сојуз е „единствен“ и дека токму нивната партија ќе биде фаворитот на претстојните локални избори.

– СДСМ се разликува од многу други партии по тоа што има разноликост на ставови и размислувања, и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Како партија со најголема доверба од граѓаните, после шест изборни победи, врз основа на резултатот од сработеното на локално и централно ниво и политиките кои носат напредок и подобрување на животот на граѓаните, СДСМ е фаворит на локалните избори, велат од партијата за „Локално“.

Црвенковски за последен пат имаше јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ пред 6 месеци, откако повика тие да се оградат од изјавите на актуелниот премиер, Зоран Зоран во врска со проблемите со соседна Бугарија кои, според него, ќе предизвикаат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и држава.

– Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од какво било бреме од претходните владеења на СДСМ со државата. Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати. Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на премиерот и претседател на нашата партија Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју (на Заев за БГНЕС) предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава – вели Црвенковски.

Тој посочи дека мора да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

– Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата, истакна поранешниот претседател во ноември минатата година.

Б.М.

Слични содржини