Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени, кога мајки, сестри и ќерки живеат во страв поради неспособност на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ си навреди и омаловажувања кон жените, велат од СДСМ како реакција на објавата на директорот на ФК Вардар.
СДСМ ги критикува навредите кон нивната сопартијка Зана Џаферовска.
-Не е ова прашање на политика туку на лична безбедност и почит кон жените. Ваквото однесување на луѓето блиски до власта и ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш и најстрого да биде санкционирано. Очекуваме јасна и недвосмислена осуда од сите граѓански здруженија, организации, медиумски асоцијации и јавни личности. Очекуваме реакција и санкционирање од сите надлежни институции. ВМРО-ДПМНЕ да не молчи туку да го осуди Неделковски бидејќи молкот е соучесништво, а премолчувањето значи охрабрување на насилството, порачуваат од најголемата опозициска партија.
СДСМ бара Миленковски веднаш да биде разрешен од ФК Вардар.
-Најтрофејниот фудбалски клуб во државата не смее да си дозволи да има вакви личности. Ниту спортот, ниту спортските работници, ниту навивачите, граѓаните не заслужуваат човек кој шири омраза и навреди да биде претставник на клубот. Најавуваме дека Форумот на жени на СДСМ ќе поднесе и соодветна пријава за овој случај. Ние нема да молчиме пред навреди, закани и омаловажувања кон жените, стои во соопштението од „Бихаќка“.
Неделковски во објава на социјалните мрежи упати несоодветни зборови кон Џаферовска.